Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба”


Познатиот српски пејач и миленик на македонската публика Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба” закажана за 13 јуни (петок), на плоштадот Автокоманда во скопска Гази Баба. 

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски утрово најави добра забава на претстојниот настан.

– Најдобрата балканска ѕвезда е овогодишен гостин на вечерта. Нè  очекува најдобрата забава во Скопје. Сите детали за настанот очекувајте ги утре, откри првиот човек на општината.  

Во меѓувреме, познатиот пејач на својот фејсбук профил сподели дека настапува во Македонија, поточно на плоштадот Автокомада. 

Неговиот настап е закажан за во 22 часот.