Санкциите кон „Лукоил“ нема да „произведат“ инфлација во Македонија, вели Славески
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески не очекува санкциите кон руската компанија „Лукоил“ да предизвикаат ценовен шок и да ја поттикнат инфлациската спирала. Славески е уверен дека по првичниот благ ценовен удар работите ќе се стабилизираат.
– Има други производители кои имаат капацитети да ги надоместат количествата нафта што можеби нема да бидат испорачани од Русија. Не очекувам некој поголем шок. Согласно проекцииот од Народната банка очекуваме трендот на намалување на инфлацијата забележан последните месеци да продолжи и до крајот на годинава и инфлацијата да не биде поголема од четири проценти. Таргетот за наредната година е да се симне на три и под три проценти, во рамки на инфлацијата забележана во ЕУ, рече Славески.
„Добро е да видиме стапка на инфлација што ппочнува со тројка, тоа психолошки ќе влијае“, додаде гувернерот.