Само Алтернатива ги послушале ревизорите, ВМРО-ДПМНЕ не ја решиле „белата палата“, СДСМ не го попишала имотот, ДУИ зема чланарина и до 250.000 денари


Фото: Б. Грданоски

Државниот завод за ревизија констатира дека партијата Алтернатива ги спровела препораките, но случајот со замрзнатиот имот на сега веќе владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште не е суски завршен, СДСМ сѐ уште користи имот во некои градови кој не е регистриран како сопственост на партијата, а ДУИ наплаќа чланарина и до 250.000 денари, иако законски е не повеќе од една просечна плата. 

Според извештаите на ДЗР, Алтернатива ги послушала препораките на ревизорите и ги ускладила пресметковните периоди. 

Од друга страна, политичката парија ДУИ, според нивната партиска Одлука наплаќа членарина во висина од 5 отсто од приходите, па така, има уплата и до 250.000 денари, додека законски смее да се наплаќа членарина во висина од една просечна плата. 

Од политичката партија СДСМ пак, се уште не е спроведена препораката на ревизорите за воведување во Катастар на одредени објекти кои ги користи партијата во Тетово, Кисела Вода, Куманово, Виница, Делчево, Кочани и во Центар, а ги наследила од друг правен сопственик, претходник и нема имотни листови за истите. 

За ВМРО-ДПМНЕ, во ревизорскиот извештај се вели дека оваа партија сѐ уште не ја средила состојбата со своето седиште во центарот на Скопје, имот кој беше замрзнат поради еден кривичен спор, а  институциите сѐ уште не се произнеле по жалбата од партијата. Случајот датира од 2018 година.

Во прилог на известувањето имате директни линкови за пристап до извештаите. 

https://dzr.mk/mk/240626-revizija-na-sprovedeni-preporaki-2023-dui-sledene-na-preporakite

https://dzr.mk/mk/240626-revizija-na-sprovedeni-preporaki-2023-sdsm-sledene-na-preporakite

https://dzr.mk/mk/240626-revizija-na-sprovedeni-preporaki-2023-vmro-dpmne-sledene-na-preporakite

https://dzr.mk/mk/240626-revizija-na-sprovedeni-preporaki-2023-politichka-partija-alternativa