Самитот на ЕУ за буџетот заврши без договор

Специјалниот самит на Европскиот совет за долгорочниот буџет на ЕУ се распадна во петокот без договор.
Самитот во Брисел започна во четвртокот попладне и се состоеше главно од билатерални состаноци кои траеја во текот на ноќта и во текот на денот во петокот. Компромисниот предлог беше понуден во петокот попладне, но лидерите не беа во можност да постигнат договор за финансискиот план 2021-2027 година.
„За жал денес забележавме дека не е можно да се постигне договор“, им рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пред новинарите. „Забележавме дека ни треба повеќе време“.
За време на последната рунда преговори за буџетот во 2012-2013 година, на Европскиот совет му беа потребни два самити за постигнување договор за долгорочно трошење на ЕУ.