Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ?


Италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига Матео Салвини денеска ја критикуваше најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за планот за „вооружување на Европа“ и праша дали тоа е вистинскиот начин да се одржи мирот на континентот.

– Европските држави можат да се задолжуваат само за да се вооружат за Урсула фон дер Лајен. Се надевам дека погрешно прочитав. Се сеќавам што се не успеавме да направиме во последните години во однос на инвестирањето во здравството, образованието и поддршката на бизнисите и семејствата (поради буџетските правила)“, рече Салвини на конференција во Асоломбарди.

Салвини праша дали вооружувањето ќе придонесе во Европа да владее мир.

– Дали е ова вистинскиот начин да ги поддржиме нашите деца и да оставиме зад себе континент во мир? Ајде да размислиме за тоа, рече Салвини.

Според Фон дер Лајен, планот за вооружување ќе им даде на земјите-членки на Европската унија повеќе фискален простор за трошоци за одбраната, што вклучува и кредити за инвестиции во одбраната.