Салман Ружди нападнат со нож на сцена


Писателот Салман Ружди (75) е повреден откако беше избоден со нож на сцената пред говорот што требаше да го одржи во Чаутаука, утринава, во близина на Бафало. Тој присуствуваше на дебата за САД  како дестинација за азил за писатели и други уметници во егзил и како дом за слободно креативно изразување.
 
Ружди постојано добиваше смртни закани за неговото пишување, а неговата книга „Сатански стихови“ предизвика протести во 1988 година.Пакистан ја забрани книгата, а иранскиот ајатолах Хомеини му издаде фатва – смртна казна, во февруари 1989 година. Хомеини повика на смрт на Ружди и неговите издавачи, а исто така ги повика муслиманите да им укажат на оние кои би можеле да го убијат, ако не можат самите да го убијат.