Салах, Винисиус и Рафиња главните кандидати за Златната топка во 2025 година


Лондон – Спортскиот портал „Goal“ ја претстави ажурираната ранг листа на фудбалери кои се главни претенденти за освојување на Златната топка следната година.

На врвот на листата е напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. На второ место е напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор, а на третото е Рафиња од Барселона.

Следуваат: Џамал ​​Мусиала (Баерн), Роберт Левандовски, Ламин Јамал (двајцата од Барселона), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Хари Кејн (Баерн), Кол Палмер (Челзи) и Флоријан Вирц (Баер).

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, ја освои Златната топка за 2024 година. Тој го победи Винисиус во гласањето за титулата најдобар фудбалер во светот.