Сајмон Ле Бон од „Дјуран Дјуран“ доби орден од принцот Вилијам
Сајмон Ле Бон стана член на Редот на Британската империја (MBE). За време на церемонијата во замокот Виндзор , фронтменот на „Дјуран Дјуран“ ја прифати честа од принцот Вилијам. Орденот го доби за заслуги во музиката и со ангажманот во хуманитарни цели.
Ле Бон првпат доби вест дека ќе биде прогласен за МБЕ од кралот Чарлс во јуни. Во тоа време, тој сподели дека честа е „неверојатна и сосема неочекувана“.
„Погодно е што честа е доделена не само за мојата улога во музиката, туку и за работата со која имав среќа да бидам вклучен надвор од бендот за некои од каузите во кои верувам“, напиша Ле Бон на Инстаграм во јуни. „Да именувам само две од нив, се надевам дека овој момент ќе помогне да се подигне свеста за Фондацијата Blue Marine и важноста на нивната работа за зачувување, како и за Centrepoint“.
Како член на Редот на Британската империја, Ле Бон им се придружува на претходно почестените MBE Blackpink, Битлси, Адел, Ед Ширан, Мел Б. и други.