Саем за Венчавки “Wedding Expo25” на 21 февруари во Скопје

Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo25”, во организација на „Во бело, во бело“.
На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Oваа година саемот ќе биде најбогат досега, со најдобрите во сите сфери на свадбената индустрија.
Програма на саемот
Петок 21 февруари
Отворање на саемот за посетители во 18 ч до 22 ч. Идните младенци со своите најблиски кои ќе одберат да не посетат во петок освен што ќе можат неколку часа да прошетаат по саемските хали (2500м2) ќе имаат и исклучителна и ексклузивна можност да уживаат во традиционалната модна ревија “Познатите во венчаници и костуми”. Пејачката Елена Ристеска ќе има специјален настап на официјалното отворање, 20, 30 мин. Ревијата ќе започне околу 20 и 45, а на неа ќе земат учество 30 познати личности од македонската естрада како модели за венчаници, накит и костуми.
Водител и домаќин на настанот оваа година е Снеже Велков (Нешто Конкретно).
Сабота 22 февруари
Саемот се отвора во 9,30ч до 20 ч. На програмата во сабота имаме неколку индивидуални ревии, музички настапи, лотарија, презентации и промоции. На големата сцена ќе има и приказ и проба за свадбена шминка.
Недела 23 февруари
Отварање во 9,30 до 18 ч. Недела исто имаме богата програма со неколку ревии, музички бендови, лотарија за пријавените идни невести како и доделување на статуетки за најдобрите изложувачи на саемот. Саемот завршува во 18 ч.
Влезниците за посетителите се купуваат на самиот влез на хотелот Александар Палас и ќе чинат 200 ден. Истите ќе бидат достапни и он лајн на платформатhttps://mktickets.mk/ . Не е потребна никаква резервација или пак најава за присуство. Со купена карта идните невести и младоженци добиваат од нас ексклузивен саемски каталог со планер на венчавката.