Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“


 Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема ќе се одржи денеска и утре на градскиот плоштад во Тетово. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.  

-Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“,  е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ ќе се претстават со нивните производи на плоштадот, информира Владимир Петровски од „Полошки мед“.

Во претходните години двете здруженија организираа и натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ но годинава нема да се одржи.