САД зафатени од опасни горештини, загрозени 200 милиони луѓе


САД – Опасен топлотен бран го зафати западниот дел и источниот брег на САД, а загрозени се повеќе од 200 милиони луѓе.

Регистрирани се исклучително високи температури, а највисоката е измерена во главниот град на Ајова, Де Мојн – 48,3 степени Целзиусови.

Издадени се предупредувања за повеќето сојузни држави во САД – од Канзас до Охајо и од Северна Каролина до Њу Хемпшир.

Се очекува денешниот ден да биде најтопол во одделни градови. Во Њујорк и Филаделфија се очекуваат најтопли денови уште од 2012 година, а во Вашингтон температурата ќе биде над 38 степени, првапат од 2016 година.

Метеоролозите предвидуваат намалување на температурите на почетокот од следната недела, кога ќе се спуштат на околу 26 степени. Наглото разладување би можело да донесе и силни бури.