САД воведоа санкции за 16 сојузници на Мадуро поради попречување на претседателските избори
Администрацијата на САД денеска воведе санкции против 16 сојузници на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, поради попречување на гласањето и кршењето на човековите права.
Помеѓу санкционираните има и судии, шефови на безбедносните сили и обвинители.
Американските санкции уследија неколку дена откако поранешниот дипломат и опозиционер Едмунд Гонзалез, кој тврдеше дела победил на претседателските избори на 28 јули, замина во егзил.
Изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро за победник на изборите неколку часа по затворањето на гласачките места, но не ги објави конечните резултати.