САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина што ќе се враќа од запленетите руски активи
САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина, а како дел од програмата за вонредно зголемување на приходите за функционирање на Владата на Украина.
Парите ќе бидат распределени преку УСАИД а во рамките на заложбата на земјите од Г-7 за обезбедување вкупно 50 милијарди долари со цел да се одговори на критичните и итни финансиски потреби на Украина, се наведува во денешното соопштение од УСАИД.
„Средствата од овој заем денес ќе бидат префрлени во Фондот за финансиски посредници на Светската банка за зајакнување на финансиските ресурси на Украина, кој ќе служи како доверител и администратор за распределба на заемските придонеси од САД, Канада и Јапонија кон Украина“, јави УСАИД.
Заемот од 20 милијарди долари ќе обезбеди итна поддршка за Украина и ќе биде отплатен преку идните приходи од руските активи запленети од Европската Унија.
-Овие извонредни приходи ќе се користат за отплата на заемодавците на програмата ERA, како што се САД, со цел да се обезбеди помош за Украина, а притоа да се минимизира товарот врз даночните обврзници во САД. Овој заем ќе го искористи приходот од замрзнатите руски суверени средства за да ги покрие штетите предизвикани од Русија.
Администрацијата на Бајден има за цел да ја стави Украина во најсилната можна позиција и ќе продолжи да презема значајни чекори за помош на земјата во нејзинат аборба против Русија и за иднина што ја заслужува.