САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за Моџтаба Хамнеи и други високи ирански функционери
Програмата „Награди за правда“ (Rewards for Justice) на Стејт департментот на САД повика на информации за „иранските терористички лидери“, вклучувајќи го и Моџтаба Хамнеи.
Стејт департментот одреди награда до 10 милиони долари и соопшти дека информациите би можеле да им овозможат на луѓето да бидат подобни за „преселба“.
„Овие поединци командуваат и управуваат со различни елементи на Иранската револуционерна гарда (IRGC), која планира, организира и спроведува тероризам низ целиот свет“, се наведува во објавата.
Функционерите за кои САД бараат информации ги вклучуваат министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, заменик-началникот на кабинетот Али Асгар Хеџази, Генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, бригадниот генерал Ескандар Момени и секретарот на Врховниот совет Али Лариџани.
Претходно денеска, Лариџани се приклучи на протестите за Денот на Ал-Кудс во Техеран и објави фотографии од своето учество./МИА