САД ја прекинуваат директната помош за Авганистан


САД ја прекинуваат директната помош за Авганистан од над 160 милиони долари поради недостиг на конкретни правила на авганистанската Влада и поради неефективна борба со корупцијата, изјави денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Одлуката е донесена на помалку од 10 денови пред претседателските избори во Авганистан и е удар за претседателот Ашраф Гани, кој се бори за реизбор на 28 септември.

– Сакаме финансиските средства што ги доставуваме до Авганистан да служат на интересите на сите граѓани на таа држава, изјави Помпео.

Тој ја осуди „неспособноста на Владата на транспарентен начин да ги искористи американските јавни средства“.