САД и Македонија договорија стратешко партнерство во борбата против дезинформациите



Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент. На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на САД и Северна Македонија интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации.

Северна Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото. Претседателот на Владата изрази благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Северна Македонија во градењето цврста демократија. 
Пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.