САД го признаваат 30 јуни за ден на локалните избори во Албанија
Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер изјави дека САД го признаваат 30 јуни, како ден за одржување на локалните избори во Албанија.
Реакцијата на високиот американски дипломат доаѓа по одлуката на Мета, кој го определи 13 октомври како нов датум на изборите.
Палмер, како што пренесуваат албанските медиуми, за Гласот на Америка, зборувајќи за политичката криза во Албанија, рекол дека САД го признаваат 30 јуни како датум на изборите.
– Очекуваме изборите да се одржат на 30 јуни, да бидат мирни и регуларни, изјавил Палмер.
Централната изборна комисија вчера го одобри барањето на Американската амбасада во Тирана за давање на акредитации на 20 нејзини набљудувачи на изборите и 19 преведувачи.