САД го одобрија првиот брз тест за КОВИД-19 што се прави дома, резултатите за 30 минути


Управата за храна и лекови на САД (ФДА) одобри комплет за тестирање за коронавирус во домашни услови за лица над 14 години. Тестот, кој може да се купи само со рецепт на лекар, дава резултати за 30 минути.

„ФДА го одобри првиот брз тест што може да се направи дома, а не во лабораторија. Ова е важен напредок, потврдувајќи ја нашата заложба за проширување на пристапот до тестирање “, се вели во соопштението на агенцијата.

Дозволата е наменета за тестирање на примерок од нос, развиен од фармацевтската компанија Лучира Хелт. Корисниците сами си земаат примероци со брис од нос. Осветлен дисплеј на уредот го покажува резултатот на корисникот по 30 минути.

Тестот се планира да биде достапен по проценета цена од помалку од 50 американски долари, според веб-страницата на производителот „Лучира хелт“.