САД договараат распоредување на дополнителни сили во Источна Европа


Бугарија, Романија и Унгарија се меѓу земјите во кои ќе бидат стационирани американски војници. Ова треба да се случи пред евентуална руска инвазија на Украина, пишува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставници.

Станува збор за распоредување илјадници војници во источноевропските земји членки на НАТО како поддршка на тековната агресија на Москва, се наведува на веб-страницата на Си-Ен-Ен.

Ќе бидат распоредени илјадници војници, односно по илјада во секоја земја членка, слично како распоредувањето на претходните воени сили во Балтичките држави и Полска. Според медиумот, распоредувањето на дополнителни сили ќе биде на билатерална основа.