Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Синсинати – Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Шпанката Џесика Бусас Манеиро во натпреварот од четвртото коло на турнирот во Синсинати — 6:1, 7:5.
Првиот светски рекет го доби мечот за 1 час и 21 минута.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.
Во четвртфиналето, Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.
Наградниот фонд на турнирот во Синсинати, САД изнесува 5,2 милиони долари.