Сабаленка победи на Мастерсот во Мајами

Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот, победи на турнирот ВТА Мастерс 1000 во Мајами. Белорусинката во финалето за околу 90 минути ја совлада Американката Џесика Пегула со 7:5, 6:2. Со ова 26-годишната Сабаленка ја одбележа 19-тата ВТА титула во кариерата, а втора оваа година.
На почетокот на 2025 година таа славеше во Бризбејн. Пегула во текот на кариерата освои седум ВТА титули, додека годинава славеше во Остин.
Во првиот сет Сабаленка поведе со 2:0 и 5:3 и во драматичен финиш стигна до првиот сет. Пегула го отвори вториот сет со брејк за 1:0, но Сабаленка одговори со четири гема во низа, обезбедувајќи ја победата на Флорида.