Рускоска наводно се подготвувала да апси министер, таа демантира


 

Обвинителката Русковска пред три дена најави дека идната недела планирала да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед“ во кој се вршела регистрација на автобусите на „Беса транс“, но не откри детали за апсење.

Самата Рускоска за А1 Он демантираше дека се подготвувала за такцво нешто.

-Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, вели за „А1он“, Вилма Русковска.Таа посочува дека не е точно дека поради можно влијание, повторување на делото и бегство, се
планирало барање на притвор за министер, а поради предметот каде се испитува зошто
во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за
привремена забрана за работа на станицата 

„Писмените докази за овој предмет се веќе обезбедени, како што кажав на пресот. Од  утре требаше да почнам со сослушување на сведоци. За апсењето се шпекулира“, демантираше Рускоска за овој портал.