Руски историчар ја убил љубовницата – се обидел да ја сокрие во река
Познатиот руски историчар Олег Соколов (63) призна дека ја убил својата 23-годишна љубовница.
Полицијата го фатила историчарот на дело како пијан се обидува да ги скрие деловите од телото ставени во торба во река.
„Ја принза вината“, вели неговиот адовкат, Александар Почујев, наведувајќи дека неговиот клиент жали за тоа што го направил и дека соработува со полицијата.
Како што пренесува Би-би-си, Соколов во реката се обидел да ја скрие торбата со рацете на Анастасија Јешченко, откако полициката во неговиот стан го нашла расчереченото тело на жената.
Соколов наводно на полицијата ѝ рекол дека Јешченко ја убил за време на кавга и дека потоа ѝ ја отсекол главата, рацете и нозете, пренесува британскиот јавен сервис.
Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е и на наградата на француската Легија на честа.