Руски авион бомбардирал руски град


Градските и регионалните власти не се изјаснија за причините на експлозијата, истрагата е во тек, изјави гувернерот Вјечеслав Гладков. Силната експлозија предизвикала оштетувања на четири станови и четири автомобили.  Гладков и градоначалникот Валентин Демидов на Телеграм објавија фотографии на настанатите штети, на кое се гледаат разурнатите станови.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, врз Белгород постојано се пука. Во јануари гувернерот Гладков објави податок дека во истоимениот регион од февруари 2022 година биле убиени вкупно 25 луѓе, а повеќе од 90 биле ранети.

Во октомври ланската година руски авион „Сухој-34“ падна во населена област во градот Јејск на Азовско Море во близина на границата со Украина и притоа загинаа 16 лица, меѓу кои и повеќе деца.