Руски аналитичар: Воениот врв на Русија е ужаснат од идејата на Путин за офанзива


 

Руски аналитичар тврди дека воениот врв е „ужаснат“ од барањето на претседателот Владимир Путин за нова воена офанзива на повеќе фронтови во Украина. Стравуваат од нов колеж бидејќи новите анализи покажуваат дека Кремљ изгубил повеќе од 175.000 војоници во војната.

Барањето на Путин неговиот воен врховен генерал Валериј Герасимов да покрене „напад во неколку насоки одеднаш“ предизвика длабоки поделби во врховниот штаб, тврди политичкиот аналитичар Валери Соловеј.

„Главниот штаб на војската е престрашен со упатите на воениот командант Путин. Не претерувам. Тие се ужаснати. Се плашат дека ќе ги изгубат преостанатите оружени сили во колеж во кој се вовлечени по негов налог. Покрај тоа што високите команданти губат надеж за победа, тие ќе го послушаат Путин“, вели Соловеј.

Додава дека офанзивата е планирана за март. А Герасимов, блзиок сојузник на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, се наведува како „најспособен од сите руски генерали“.

Сепак, во врховниот штаб се плашат дека нема да стигнат на време, затоа што Украина би можела да добие ново вооружување.

„Затоа сега тоа е последна прилика да се обидеме да ја нападнеме Украина, но не со цел победа. Ова сега е ваќно да се разбере. Повеќе не постои таква цел. Цечта е сосема поинаква, да се заврши тоа на чесен начин. Односно да се постигне мир“, истакнува Соловеј и додава дека целта е да се задржат Донбас и Крим.

Неговата анализа е далеку од јавното стојалиште на Кремљ кој инсистира на тоа воената авантура на Путин да оди по планот.

Оваа вест доаша откако на „Телеграм“ каналот Генерал СВР објави дека губитоците на руската војска се поголеми од 126.500 što што е зголемување за околу 20.000 во однос на крајот на минатата година.

Покрај тоа, повеќе од 44.000 борци убиени се од прокремљски приватни воени војски кои делуваат во Украина, во прв ред Вагнер.