Руската опозиција повика на протести против Путин
Руската опозиција денеска повика на протести против рускиот претседател Владимир Путин, откако тој го потпиша указот за делумна мобилизација на 300.000 резервисти.Најистакнатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, кој моментално е во затвор, рече дека Путин испраќа уште Руси во смрт поради неуспешната војна.
„Јасно е дека злосторничката војна се влошува, се продлабочува, а Путин се обидува во неа да вклучи што повеќе луѓе“, рече Навални во видео пораката од затворот која ја снимија и објавија неговите адвокати.