Руската амбасада негира дека стои зад случувањата со Бугарија

Руската амбасада преку соопштение на твитер ги отфрли обвинувањата од властите во Македонија дека ги инспирира актуелните проблеми со Бугарија.
„Обрнуваме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа на 29 јануари дека Руската Федерација е „надворешен фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Апсолутно неосновани се обвинувањата што се шират во голем број масовни медиуми за наводно „мешање“ на Русија во внатрешните работи на РСМ и во нејзините односи со другите земји – а тоа им е добро познато на сите непристрасни набљудувачи и експерти“, стои во реакцијата на амбасадата.
Оттаму ги повикуваат медиумите на РСМ „на одговорен и професионален пристап при објавување вести и аналитички материјали за Русија и за принципите на нејзината надворешна политика кои отворено ги декларираат’, што ги оценуваат како односи засновани на рамноправност, меѓусебно почитување и почитување на взаемните интереси.