Русите се евакуираат од Крим, тврдат украински извори
Руските окупатори почнаа да го напуштаат Крим, јужна Украина со своите семејства. Во тек е „итна евакуација“ на руски полномошници, разузнавачи и воени команданти и покрај нивните гаранции дадени на населението дека областа е безбедна, тврдат од Главната управа за разузнавање на Украина.
Според украински извори, руската армија го напуштила и клучниот град Кремина. Градот е „целосно празен“, а украинското знаме подигнато од локалните партизани сè уште се вее високо, рече гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдаи. Кремина се наоѓа на само 25 километри северозападно од Сиевиеродонецк, кој руските сили го окупираа во текот на еден месец жестоки борби во мај-јуни.
Од украински извори исто така се тврди дека Русија сака да купи муниција од советската ера од Таџикистан. Според Управата за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, Русија побарала да купи ракети „Ураган“ од 220 мм и гранати од 203 милиметри за самоодниот артилериски систем „Пион“, како и друга опрема. Исто така, се наведува дека на пензионираниот воен персонал на Таџикистан му било понудено да потпише договори за ѕчество во војната за руските вооружени сили во Украина.