Русите извршија голем напад врз Одеса, 250.000 жители без струја и греење

Русите синоќа извршија голем напад на Одеса, оставајќи голем дел од украинскиот град без струја, вода и греење.
Во нападите беа оштетени и објекти од социјалната инфраструктура.
Градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов изјави дека нападот бил извршен во густо населена област на градот.
„Без греење останаа болниците, клиниките и објектите на социјалната инфраструктура“, рече тој.
Труханов пријавил распоредување на оперативен штаб за проценка на штетите и обновување на јавните услуги.
Тој истакна дека специјалистите активно работат на решавање на вонредни ситуации и пружање помош на повредените.
„Една од најголемите населби во нашиот град, со над 250.000 жители, остана без парно и струја. Ја прекинуваме наставата во училиштата“, посочи тој.