Русите го урнале клучниот мост во Бахмут


Руските сили во текот на ноќта го кренаа во воздух клучниот мост кој гого поврзува опколениот град Бахмут на истокот на Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција.

Во полицијата во градот Константинивка за Си-Ен изразија надеж дека мостот ќе се санира во наредните денови, затоа што е витална артерија за извлекување на цивили и снабдување со залихи и муниција.

Мостот е исто така последниот главен пат на снабдување од Бахмут до градот Часов јар.

Армијата сè уште може да пристапи до Бахмут низ нивите, соопшти полицијата.

Полицијата го потврди нападот  оставајќи голем кратер. Задолжителна наредба за евакуација е воведена во регионот на Доњецк и околу 5.000 луѓе остануваат во Бахмут, според украинските власти.

Руските сили напредуваат кон Бахмут, но украинската војска вели дека ја држи својата земја во битката за источниот град и дека не планира да се повлече.