Русите го гранатираа Миколаев, деветмина повредени


Руската армија изминатата ноќ го гранатираше Миколаев, при што се ранети девет лица, соопшти денеска градоначалникот на Миколаев, Олександар Сиенкевич.

Според него, четворица ранети сè уште се во болница.

– Миколаев синоќа беше силно гранатиран. Оштетени се станбени згради. Според прелиминарните податоци девет лица се ранети, а четворица сè уште се во болница, се вели во соопштението на градоначалникот на Миколаев, објавено на неговиот канал на Телеграм.