Русија: Украинците гранатираа пазар во Доњецк, 13 мртви (видео)


Најмалку 13 лица загинаа денеска при гранатирање на пазар во предградието на Доњецк, град во Украина кој моментално е под руска окупација, соопштија локалните власти.

Денис Пушилин, шеф на руските власти во Доњецк, додаде дека во нападот се повредени уште десет лица. Тој ја обвини украинската армија дека испукала гранати во Текстилшчик.

Киев допрва треба да го коментира инцидентот, а Асошиетед прес не може самостојно да ги потврди руските тврдења. Пушилин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на местото на настанот.