Русија тврди дека украински дрон погодил станбена зграда во Уфа, нема жртви
Дрон на украинските вооружени сили утрово погоди станбена зграда во рускиот град Уфа, а во нападот нема повредени или жртви, додека пожарот што избувна по ударот е изгаснат, објави гувернерот на Башкортостан Радиј Хабиров на Телеграм.
Тој додаде дека сите служби за итни случаи работат на местото на настанот.
Според локалните власти во Башкортостан, оштетени се неколку станови во зградата.
Според Хабиров, уште неколку дронови биле соборени додека се приближувале кон рафинеријата за нафта Уфа, а остатоците од еден од нив паднале во индустриска зона.
Нема повредени, а пожарот во рафинеријата се гаси, изјави рускиот гувернер.