Русија понижена на Денот на победата над фашизмот (ВИДЕО)
„Злото се врати“, порача украинскиот претседател Володомир Зеленски во постот посветен на Денот на Европа. Таа порака беше едно камче од понижувачкиот мозаик за Русија во која сите очи беа вперени денес додека ја одбележуваше победата над хашизмот со воена парада, во време кога сите ја обвинуваат во Евриопа за истото тоа, а еден нивни амбасадор беше нападнат со црвена боја.
„Како пред 80 години, кога злото се нафрли во нашите градови и села, така и сега, како што тогаш ни ги убиваше луѓето, така и сега. Иако сега е уште еден агресор, целта е иста – поробување или уништување. И, како во Втората светска војна, ние не сме сами против злото. Ние се бориме против тоа, попирајќи се на заедничката сила на народите од слободниот свет. Како што тогаш се приближувавме кон нашата заедничка победа, така и сега.

Пред многу години, традицијата на прославување на Денот на Европа беше воспоставена на нашиот континент за да го одбележи постигнатиот мир и единство. Денес, единството на нашиот континент нè приближува до славењето на првиот ден од нашиот мир. Секоја година од утре, 9 мај, ќе го одбележуваме нашето историско единство – единството на сите Европејци кои го уништија нацизмот и ќе го поразат рушизмот.
Russia’s army is the most powerful in the world, – putin.
“Historical parade” with T-34 on the Red Square in Moscow. pic.twitter.com/H4KRXYiZsw
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) May 9, 2023
Ова ќе биде Ден на Европа, која ги поддржува Украинците за сите девет години агресија и 439 дена од целосната инвазија. Ова ќе биде Денот на Европа, која ни помага да се бориме во сите правци: на бојното поле со оружје и на дипломатскиот фронт – одлучно, против ракетниот терор и зимскиот мрак, на економискиот и на правниот фронт. Ова ќе биде Денот на Европа – нашиот сојузник. Ова ќе биде Денот на Европа – нашата Европа, од која Украина отсекогаш била, е и ќе биде дел од неа“, порача Зеленски.
Ваквата порака Зеленски ја упати додека во Москва се одржуваше парадата по повод денот на победата на фашизмот, која беше многу различна од тие пред годинава, бидејќи и фалеше големината и моќта што ја проектираа тие пред воената агресија на Украина. Сега, воената парада беше речиси дочекана со потсмев бидејќи единствениот тенк што предефилира беше од типот Т-34 кој е развиен од Украина (Харков) во Втората светска војна, а беше целосно откажана парадата со воени летала. Аналитичарот забележаа само 51 единица со опрема оваа година, во споредба со 131 во 2022 година и 197 во 2021 годин. Според коментарите на Твитер, оваа наликувала на парада на третокласна диктатура и најпонижувачката воена парада што е видена досега во Москва.

Во Москва пак рускиот лидер Владимир Путин порача дека „западните глобалистички елити предизвикуваат крвави конфликти и дека по се изгледа заборавиле до што довеле лудите желби на нацистите за светската доминација“. Увертира на таа порака минатата ноќ беа воздушните напади врз Украина, непосредно пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев за да го одбележи денот на победата и на Европа таму каде што најмногу прилега, според неа.
„ Добро е што се вратив во Киев. Таму каде што вредностите кои ни се драги се бранат секојдневно. Така што, ова е соодветно место за славење на Денот на Европа. Ја поздравувам одлуката на претседателотзеленски да го одбележи 9 мај Денот на Европа и овде во Украина“, рече Лајен.
Додека Путин зборуваше за „руската величина“ во Москва, руските војници бегаа од Бахмут. Најистурениот од нив, водачот на групата платеници „Вагнер“, Евгениј Пригожин рече дека 72-та руска бригада ги напуштила своите позиции во Бахмут откако 500 членови на Вагнер загинале за да ги освојат, по десет месеци борба. Пригожин посочи дека добил писмо од руското Министерство за одбрана во кое се заканува дека ќе ја обвини неговата платеничка група за предавство доколку се повлечат од Бахмут, иако се уште не ја добиле ветената муниција. Тој ги нарече „глупави“ и „криминални“ наредбите издадени од високи воени команданти на Русија.
„Војниците не треба да умираат поради апсолутната глупост на нивното раководство“, рече тој и додаде дека руската држава „не е во состојба да ја одбрани земјата“, но руските генерали се обидуваат да го „измамат“ Путин.
Понижувањето беше дополнето и со одбивањето на активисти во Варшава да му се дозволи на тамошниот руски амбасадор да положи да положи венец на споменикот на војниците на Црвената армија, а целиот простор беше обележан со стотици украински знамиња. Уште повеќе амбасадорот Сергеј Андреев беше нападнат со црвена боја.