Русија планира пак да прозведува автомобили „волга“
Министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација Денис Мантуров ги објави плановите за заживување на советските марки автомобили „волга“ и „победа“.
„Можам малку да ги откријам плановите што ги има нашата автомобилска индустрија. Не е тајна дека ‘москвич’ ќе се произведува на поранешната локација на ‘Рено’. Колегите имаат планови да ги оживеат, на пример, брендовите ‘волга’ или „победа’. Или и двете, и тоа“, рече министерот во интервју.
Во исто време, тој не ги прецизираше ниту можните датуми, ниту местото на производство на автомобилите.
Со избувнувањето на војната во Украина, многу меѓународни автомобилски компании го прекинаа производството во Русија и престанаа да увезуваат во земјата. Во мај беше објавено дека руските средства на француската групација „Рено“ ќе станат државна сопственост, како и обновувањето на производството на патнички автомобили под марката „москвич“ во фабриката „Рено“ во Москва.
Автомобилите „победа“ се произведуваа во автомобилската фабрика „Горки“ од 1946 до 1958 година. „Волга“ се произведува таму од 1956 година. Во 2008 година, ГАЗ се обиде да започне сериско производство на автомобилот „волга сибер“, но производството беше запрено поради малата побарувачка.