Русија ќе ги отпише долговите до 100.000 долари на тие што војуваат во Украина
Русија усвои закон со кој на учесниците во војната им се дозволува отпишување на долгови во вредност до 100.000 долари.Руската Државна Дума во своето второ и трето читање усвои закон со кој ќе се овозможи отпишување на заостанати заеми до 10 милиони рубљи (100.254 долари) за учесниците во војната во Украина, се вели во нацрт објавен во базата на податоци на Државната дума.
Законот се однесува на мобилизираните војници, регрути и воен персонал кои потпишуваат договор почнувајќи од 1 декември 2024 година, како и нивните сопружници. Ги опфаќа обврските за кои стапила во сила судската одлука за наплата на долгот или е поведена извршна постапка. Кредитите мора да се издадени пред 1 декември.
Законот ќе стапи на сила на 1 декември 2024 година.