Русија испраќа воени бродови во регионот на Арктикот
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу направи проверка на оддалечениот арктички гарнизон на Северната флота, соопшти денеска руското министерство за одбрана, додека дел од воените бродови се испратени во Арктичкиот океан за да ги извршуваат своите задачи. Шојгу ја прегледа воената инфраструктура и „подготвеноста да дејствува за заштита и одбрана на клучните објекти“, соопшти Министерството на комуникациската платформа „Телеграм“.
Дел од воените бродови, вклучително и разурнувачот „Вицеадмирал Кулаков“, амфибискиот јуришен брод „Александар Отраковски“ и шлеперот „Алтај“, се испратени на Арктикот, соопшти Министерството. Од соопштението не е јасно кога Шојгу ја посетил флотата. Северната флота соопшти дека вчера почнала воени вежби, фокусирани на акции за заштита на рускиот суверенитет во водите на Северниот морски пат.
Во рамките на воените вежби, борбените авиони МиГ-31 извршија воздушна одбрана, воздушно извидување и заштита на силите кои дејствуваат во зоната на Арктикот, додава Министерството.