Русија го приведе менаџерот на фабриката за авиони: „Праќал тајни на Украинците!“

Русија го уапсила главниот менаџер на фабрика за авиони поради сомнеж дека на Украина и праќал тајни воени информации, јавија руските новински агенции повикувајќи се на ФСБ, сојузната безбедносна служба.
ФСБ објави дека мажот се сомничи дека ја фотографирал опремата на руските борбени авиони и ги праќал на украински државјанин кој работле во украинска авионска фабрика, пишуваат руските медиуми.
ФСБ наведе дека на осомничениот маж ќе му се суди за предавство.