Русија до 2030 година ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 70 отсто, најавува Путин
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Владата и порача дека мора задолижтелно да ги почитува мерките од Парискиот климатски договор од 2015 година и ѝ нареди до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови за 70 отсто, во споредба со нивото од 1990 година, јавија британските медиуми.
Русија е четврта земја во светот по емисијата на јаглерод диоксид и покрај тоа што е потписник на климатскиот договор, додека екологистите редовно ја критикуваат Москва дека не ги казнува компаниите чии фабрики испуштаат штетни гасови и со тоа влијаат врз климатските промени.
Британските медиуми додаваат дека Путин потенцирал дека паралелно со спроведувањето на точките од договорот, социо-економскиот развој на земјата не е загрозен.
Климатските промени се голема закана за Русија, имајќи предвид дека руската економија е во голема мера зависна од преработката на нафта и гас, како и од рударството.
Некои објекти во северна Русија се изградени на мраз, а зголемувањето на температурите може да доведе до колапс на објектите.