Руски селани пиеле разреден антисептик – починале седуммина, двајца се во кома


 

Седум луѓе починаа во саботата, а уште двајца се во кома во понеделник во руската република Јакутија на крајниот исток, откако испиле разреден антисептик.

Во саботата властите соопштија дека на девет мештани на селото Томтора им се слошило откако испиле течен антисептик кој го купиле во селската продавница, а има широка примена од избивањето на пандемијата од корона вирус.

Тројца од нив починале во саботата, а тројца се превезени во управното седиште Јакутск, пренесе Индекс.

Четворица меѓу нив починале во болница, а двајца се во кома и нивната состојба е непроменета, додаваа од службата за односи со медиумите од министерството за здравство, пренесе Риа Новости. Се работи за 48-годишна жена и 32-годишен маж, кои биле приклучени на респиратор.

Според истражителите со анализа е утврдено дека антисептикот содржи 69 отсто метанол, отровен индустриски алкохол. Тој производ ќе биде повлечен од продажба, изјавија во неделата здравствените власти.