Розов Пикник Појaдок за поддршка на жените со рак на дојка

ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели и Mediсus Help денеска во Градскиот парк во Скопје организираат Розов Пикник Појaдок, настан организиран во партнерство помеѓу ХЕМА-ОНКО здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели и Mediсus Help.
Главната цел на настанот е да им оддадеме признание и поддршка на жените кои живеат со оваа болест и секојдневно храбро се соочуваат со нејзините предизвици. Сакаме да им покажеме дека не се сами, заедно сме посилни и можеме многу повеќе. Силни сме, кога сме заедно. Иако секоја борба е лична и единствена, таа станува полесна кога се споделува со некој што разбира и чекори по истиот пат, посочуваат од ХЕМА-ОНКО.
Во исто време, целта е да се подигне свеста за значењето на превентивните прегледи, навременото препознавање на симптомите и важноста од соодветно и рано откривање. Од Здружението нагласуваат дека заедно можеме да придонесеме кон намалување на инциденцата и последиците од ракот на дојка.