Росица Мршиќ со поддршка на домашните занаети: Со “Heritage” им помагаме на најранливите категории
Позната модна дизајнерка Росица Мршиќ почна нова соработка со Еснаф, платформа за промоција, поддршка и поттикнување на македонските занаетчиски техники, претежно со вклучување на лица од најранливи категории.
Во рамки на оваа соработка е создадена “Heritage” колекцијата со цел да се зачува и да се негува традицијата на домашните занаети и рачна изработка. Колекцијата е дизајнирана од познатата дизајнерка Росица Мршиќ и содржи современо дизајнирани рачно изработени модни додатоци инспирирани од богатото македонско културно наследство.
Во колекцијата се вклучени: плетени, везени и чанти изработени со таписерија техника, ткаени појаси и обетки изработени од материјали остатоци од домашната кожарска индустрија, сите создадени по принципот на бавна мода и одржливи. Во секое парче од колекцијата е вклучена голема љубов и посветеност од локални занаетчии и изведувачи.
Оваа колекција ќе биде достапна за продажба во Pop Up продавница “Ready, Steady, Shop” организирана од Еснаф во партнерство со Моден викенд и East Gate Mall, како и на онлајн продавницата на Еснаф. Продавницата се наоѓа на први кат и ќе работи од 15 до 31 март 2024.