Росен Желјазков избран за претседател на новиот бугарски парламент


Росен Желјазков (55) во 2014 година беше назначен за советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада. Во 2018 година беше избран за министер за транспорт, информатичка технологија и врски и оваа функција ја извршуваше до 12 мај 2021 година. 

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, ГЕРБ-СДС и Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) вчера се договорија Желјазков да биде избран за претседател на Собранието. 

За негов избор беа потребни најмалку 121 глас. ГЕРБ-СДС има 69 по последните предвремени парламентарни избори на 2 април 2023 година.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.