Роналдо, пред новинарите, кажа каде ќе игра следната сезона

Откако ја освои Лигата на нации со Португалија, Кристијано Роналдо ги разјасни бројните шпекулации за неговата иднина и потврди каде ќе игра следната сезона.
Роналдо (40) објасни дека ќе остане во Ал-Наср следната сезона, и покрај бројните гласини за можно заминување.
Неговото име се поврзуваше со неколку клубови како што се Бока Јуниорс или Видад Казабланка, кои учествуваат на Светското клупско првенство, на кое Ал-Наср не игра, но Роналдо ќе остане во Саудиска Арабија.
„Не можете да имате сè, мора да размислувате краткорочно, среднорочно и долгорочно. Решив да не одам на Светското клупско првенство, иако е вистина дека имав многу контакти“, изјави Роналдо за португалските медиуми.
🚨Cristiano Ronaldo confirme : il reste à Al Nassr la saison prochaine ✅💛
« Pratiquement rien ne va changer. Al Nassr ? Oui ! »
🎥(@sporttvportugal) pic.twitter.com/8lkwHOwczG
— SPL 🇸🇦 (@ActuSPL) June 8, 2025
Исто така, имаше гласини дека Роналдо би можел да се пресели во друг поамбициозен саудиски клуб откако Ал-Наср не ја освои титулата, но тој рече:
„Практично ништо нема да се промени. Дали ќе бидам во Ал-Наср? Да“, рече Роналдо, со што ги реши сите дилеми каде ќе игра следната сезона.
Да ве потсетиме, во финалето на Лигата на нации, Португалија ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (5:4), откако во регуларниот дел од натпреварот беше 2:2.