Роналдо купи најсовремена комора со кислород за подобро да се подготви


 

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (36) познат е по својата неверојатна физичка кондиција и работни навики, а сега се одлучи да оди чекор понапред.

„Сан“ јави дека купил и во својот дом инсталирал најсовремена комора со кислород, која тешко се наоѓа во велика Британија, за да му помогне да ја одржи и да ја поправи својата физичка подготовка.

Инвестицијата наводно вреди 15.000 фунти, а справата овозможува Роналдо да вдише чист воздух директно во крвната плазма во удобноста на својот дом, помагајќи му во опоравувањето по напорните натпревари, додека уште порано ја пресели комората за криотерапија од Торино во Манчестер.

Комората за криотерапија е дизајнирана за поттикнување на опоравување на мускулите. Дизајнирана е така што температурата може да се спушти и до -200 степени Целзиусови, за да помогне во опоравувањето на мускулите предизвикано со траума и физички напор.

Кристијано Роналдо кон крајот на летото се врати на Олд Трафорд од Јувентус во кој играше три сезони.