Рома еден месец без повредениот Дибала
Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала еден месец ќе отсуствува од фудбалски терени поради повреда.
Дибала во триумфот на Рома против Каљари (4-1) во неделниот натпревар од 8. Коло во Серија А ги истегна лигаментите на левото колено и ќе паузира во следниот 30 денови, објави денеска римскиот прволигаш.
Аргентинскиот напаѓач го напушти теренот со солзи и имаше стравување дека би можел да ја пропушти целата сезона.
Меѓутоа, по денешните лекарски прегледи е констатирано дека, сепак, не станува збор за посериозна повреда.