Рогозин славел роденден во кафеана, делови од гранатата завршиле во неговата глава
Поранешниот потпретседател на владата на Русија и поранешен шеф на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, е ранет во гранатирање на хотел во украинскиот град Донецк, окупиран од Русија, изјави неговиот помошник обвинувајќи ја Украина за нападот.
„На периферијата на Доњецк, беше гранатиран хотел, каде што група воени советници, вклучително и Дмитриј Рогозин, живееше во последните месеци. Нападите беа извршени со прецизно наведувана муниција, веројатно со самоодна артилериска монтажа ‘Цезар’ од 155 милиметри“, рече неименуваниот помошник, пренесува Интерфакс. „Дмитриј Рогозин беше ранет во грбот и беше хоспитализиран. Нема закана по неговиот живот. Лицата кои го придружувале исто така се здобиле со повреди од различен степен“.

Руски канал на телеграм поврзан со Донецк истакна дека Рогозин го прославувал својот роденден во ресторанот „Шеш-Беш“ кој бил нападнат и додаде дека таканаречениот „шеф на владата на ДНР“ Виталиј Хоценко исто така бил повреден во инцидентот „на левата страна на грбот. Тој одбил хоспитализација откако му беше укажана прва помош“.

According to propagandists, Rogozin was celebrating his birthday in a restaurant in Donetsk
Russian media also report that Rogozin received a shrapnel wound to the soft tissues of the head, a penetrating shrapnel wound to the buttocks and to the left thigh. pic.twitter.com/2sJrUuvpJI
— NEXTA (@nexta_tv) December 21, 2022
Во меѓувреме, рускиот канал База на Телеграм тврди дека Рогозин „примил шрапнел рана на меките ткива на главата, продорен шрапнел на задникот и продорен шрапнел на левата бутина. Според ажурирани податоци, вкупно 2 лица загинале при гранатирањето на ресторанот, а уште 5 се повредени.