Родова еднаквост: Од 142 вработени во Општина Центар, 88 се жени


Во Општина Центар родовата рамноправност е реалност, информира градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март. 

-Во Центар, жените се мнозинство. Од 142 вработени, 88 се жени. Дури 21 жена е на раководна позиција од вкупно 34 сектори и одделенија, а претседател на Совет на Општина Центар е жена, рече Герасимовски.  

Потенцира дека има седум директорки од вкупно осум основни училишта во Центар.

-Од 473 вработени во училиштата, дури 87 отсто се жени, а во сите три градинки раководат жени. Во Центар, родовата рамноправност е реалност. Заедно можеме да направиме сѐ. Среќен 8 Март, порача Герасимовски.