Родољубието на Родољуб, голем сликар, човек и педагог
Анастасов, како уметник од светски ранг, е задолжително четиво за помладата генерација архитекти и љубители на уметноста

Родољуб Анастасов, човекот, уметникот, кој преживеал две и пол години на Голи Оток, не дозволил да му го скршат духот, туку напротив, неговото сликарство добило нова длабочина. Неговото наследство е такво што дури и внукот на Клод Моне ќе каже дека Анастасов е најпсихолошкиот автор на сите времиња. Човек кој не само што оставил трага во македонската уметност, туку и на светско ниво, дава ново значење на уметноста која преминува во вечност.
Јасминка Намичева, кураторката на изложбата, истакна: „Сакавме да направиме нешто невообичаено. За творештвото на Анастасов многу е зборувано, пишувано, организирани се изложби. Тоа е огромно творештво. Ако правевме нешто ново, тоа требаше да биде голема ретроспектива. Наместо тоа, решивме да го прикажеме неговиот друг, подеднакво значаен аспект – педагошката работа. Затоа, ги собравме неговите студенти и еве ја изложбата“.

Да имате жив уметник со такво значење, не само кај нас, туку и на светско ниво, е голема привилегија. Организацијата на изложбата беше неизбежна – едноставно, мораше да се случи“.
На прашањето, како се избираа уметниците што учествуваат? Јасминка одговара: „Немаше класична селекција. Вклучени се сите што биле дел од неговата класа на Ликовната академија од 1980 до 2000 година. Некои од учесниците се и од Средното уметничко училиште и Педагошката академија.“
Изложбата ќе биде отворена за посета до 18 март.
Линк од разговорот со уметниците тука


