Роденденска парада: Кралицата Елизабета Втора наполни 93 години
Англија– Британската кралица Елизабeта Втора вчера и официјално го прослави својот 93. роденден присуствувајќи на традиционалната годишна парада која првпат е одржана во 18 век.
Кралицата е родена на 21 април и тогаш роденденот го прославува во кругот на семејството, но секоја втора сабота во јуни нејзиниот роденден се слави и официјално.
Во чест на кралицата на улиците на Лондон се одржува парада во која учествуваат 1400 војници, 400 музичари и 200 коњи.
На парадата во Вајтхол на кралицата и се придружиле скоро сите членови од нејзиното потесно семејство и илјадници граѓани. Меѓу членовите од семејството биле принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војвотката и војводата од Кембриџ и војвотката и војводата од Сасекс.
Членовите од кралското семејство од терасата на Багингемската палата заедно го погледнале прелетувањето на авионите на Кралските воздушни сили.
Првпат по раѓањето на синот Арчи во јавност се појави војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Војвотката на службената прослава дошла во придружба на сопругот, принцот Xари, но нивниoт првороден син не бил со нив.
За првпат „службен ангажман“ имал и принцот Луис, кој заедно со сестрата Шарлот и братот Џорџ, мавтале во правец на авионите и хеликоптерите.